(Видео) Најбрз е на светот, но во возење наназад

Супермен

29/09/2022

16:29

5.273

Големина на фонт

а а а

Скот Брнер, според Гинисовата книга на рекорди, е сопственик на рекорд за најбрзо возење од една милја или 1,6 километри, но наназад.

Брнер го постигна ваквиот рекорд на 15-ти јуни оваа година во Боулинг Грин, Кентаки. Рекордот беше соборен на патеката на музејот посветен на „Corvetta“ и, логично, беше постигнат токму во „Corvetta“.

Станува збор за „C7“ генерација без никакви модификации, а возењето се одвивало на доволно рамна површина која овозможувала присуство на трета страна, односно независна страна во овој подвиг.

Скот морал навистина да се „помачи“ за да го собори рекордот. Претходно, тој возел најмногу половина милја во рикверц, па било исклучително тешко да се осигура дека неговата рака ќе биде доволно мирна на двојно подолга патека. А за нештата да бидат уште потешки, на стартот морал да мине низ свиок со полн гас.

Брнер се „занимава“ со возење наназад уште од 2020 година, кога започнал да снима видеоматеријали за својот Јутјуб канал. Започнал со „Nissan 370Z“, со кој возел во рикверц до 72 километри.

Тој постигнал најдобро време со „Corvetta“ со која поминал една милја за 75,18 секунди, со просечна брзина од 72 километри.

И за крај, погледнете како изгледаат трките кои се возат во рикверц. Тие се возеле во Холандија во легендарни „DAF“ автомобили кои „Red Bull Racing“ неодамна ги оживеа со две звучни имиња од Формула 1.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk