Јавноста го „етикетираше“ како најгрд актер, а тој се венчал со најубавата жена: На 53-годишна возраст добил дете со љубовницата која има исто години колку и неговата ќерка

Супермен

24/11/2022

21:36

12.691

Големина на фонт

а а а

Кога се дознало дека една од најубавите жени на светот, Кејт Бекинсејл, е во врска со „талентираниот, но грд актер“ Мајкл Шин, многумина не верувале во тоа.

Луѓето се прашувале како ја освоил и тврделе дека „лажицата му паднала во медот“, меѓутоа, набрзо потоа тие стапиле во брак, а во Холивуд започнале да кружат информации дека Шин е неверен, особено откако ја добиле нивната ќерка Лили.

Во еден момент се зборувало дека во исто време тој бил со три жени, а јавноста не престанала да се прашува што жените гледаат во него.


Следел бурен развод, а долго се шпекулирало дека неговата избраничка, актерката Ана Лундберг која од него е помлада 26 години, е главниот виновник што „пукнала“ неговата последна врска, односно дека таа му била љубовница.

Инаку, Мајкл освен по Кејт со која бил во брак од 1995 до 2003 година, познат е и по врската со балерината Лорејн Стјуарт, холивудската миленичка Рејчел Мекадамс, американската водителка Кари Киган и познатата комичарка Сара Силвермен.

Шин поради односот со девојката која има исто години колку неговата ќерка се нашол на мета на критики, особено од кога се дознало дека го чекаат нивното бебе.


За нивната врска почна да се зборува во мај 2019 година, а четири месеци подоцна таа роди ќерка Ларја. Актерот потоа пред неколку месеци на Твитер открил дека пристигнува уште една принова.

„Се чини како второто да е на пат“, напишал тој во описот на фотографијата.

Убавата актерка се породила во мај. Актерскиот пар ужива во својата среќа, и за сега не се огласуваат поради критиките, а се чини како Ана да успеала во тоа во кое ниту една пред неа не успеала – да го смири актерот.

Инаку, Шин неодамна ги изненадил сите со одлуката дека се декларира како непрофитен уметник и дека се откажува од големиот имот којшто го стекнал во текот на долгогодишната актерска кариера.


Неговиот имот се проценува на 16 милиони долари, а тој ги продал двете вили во Америка и Велика Британија и сите пари ги подарил во хуманитарни цели за да им помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk