Луксузот не недостасува: „Ѕирнете“ во внатрешноста на најтенкиот облакодер на светот

Супермен

25/11/2022

12:48

4.807

Големина на фонт

а а а

Дизајнерите кои го креирале ентериерот на најтенкиот облакодер на светот споделија фотографии кои ја прикажуваат неговата луксузна внатрешност.

Њујоршката компанија „Studio Sofield“ ја открила внатрешноста на „Steinway Tower“, новоизграден облакодер висок 435 метри со поглед кон Централ Парк.

Со оваа објава е најавено завршувањето на раскошната градба во центарот на Менхетен, која е изградена на местото кое некогаш го заземала компанијата „Steinway & Sons“.

Облакодерот кој има 91 кат, содржи 46 станови и еден дуплекс. Фотографиите кои дизајнерите неодамна ги објавија ги покажуваат раскошните лобија украсени со мермер, челик и кадифе, подови поплочени со сив масивен даб и оригинални уметнички дела на Пикасо и Матис.

Според „Studio Sofield“, ентериерот на оваа градба е дизајниран да ја долови величественоста на њујоршкото златно доба, период во доцниот 19-ти век кога градските булевари биле „прошарани“ со величествени вили. Се наоѓа на улицата Мидтаун, исполнета со блескави згради која стана позната како „Billionaire's Row“.


Основачот на студиото, Вилијам Софилд, изјавил за „CNN“ дека сака да го претстави непогрешливото њујоршко чувство во кулата.

„Сите сме биле на многу луксузни места, но јас сакав да направам зграда која не може да биде никаде на друго место во светот“, вели Софилд.

„Сакав да создадам многу посебно искуство кое може да се доживее само во Њујорк“, објаснил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk