Хрватскиот Зоро сака 30 години постари жени, а ја сподели и неговата листа на најубави жени – ова е причината и зошто носеше маска на СП во Катар

Супермен

14/12/2022

09:05

35.827

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол вниманието го привлече со маската која ја носи на лицето, а открил и дека сака повозрасни жени.

Гвардиол важи за еден од најплатените хрватски фудбалери, а големо внимание на Светското првенство привлече со маската која ја носи на лицето. Поради тоа добил и повеќе прекари, од кои еден посебно се истакнал – Зоро!

Инаку, Гвардиол за своите 20 години е многу успешен, а моментално настапува за бундеслигашот Лајпциг. Неговиот шарм невозможно е да не го забележите на конференциите, а припадничките на поубавиот пол лудуваат по него.

Фудбалерот неодамна гостувал во емисија на „HRT“ каде зборувал на многу теми, како и за љубовниот живот.


„Не сум во врска, сам живеам и колку и некогаш да ви треба мир, некогаш чувствувам самотија, депресија, ми недостасува семејството“, изјавил тој.

Поради тоа што девојките сами му приоѓаат, сакајќи да остварат контакт со него, фудбалерот и не мора толку да се труди да ги освои.

„Уште минатиот пат на собирањето на репрезентацијата една девојка ми пријде и ми даде лист хартија на кој беше запишан нејзиниот Инстаграм профил“, изјaвил тој и додал кои критериуми треба да ги исполнува идната госпоѓа Гвардиол.

„Каква мора да биде девојката? Бојата на коса не е важна, но сакам сини очи. И, да биде пониска од мене, барем во нешто да бидам глава на семејството“, изјавил тој.

Тоа што посебно одекна во јавноста е неговата листа на најубави жени на светот. Имено, фудбалерот истакнал дека најубави жени му се Анџелина Џоли, Шакира, а на прво место му е Џеј Ло.

На прашањето дали сака повозрасни жени, тој искрено рекол дека сака и дека е во тој фазон: „Малку повозрасни, да, да... 30 години повозрасни“.

Исто така тој покажал голема храброст и отворено ја повикал Џеј Ло да му се јави на Инстаграм.

Во прилог на неговото тврдење дека сака повозрасни жени е и фактот дека се шпекулираше неговата врска со 13 години постарата фолк пејачка Оливера Митијевиќ од Задар која учествувала во реалити шоуто „Господин Совршен“, но сепак таа го демантирала тоа.

Поради што фудбалерот носи маска?

Маската која ја носи на лицето го направи единствен, меѓутоа причината поради која ја носи е незгодата која неодамна ја имал. Имено, на неодамнешен натпревар, тој се судрил со соиграч со глава и го скршил носот, додека пак исто така и окото му претрпело последици.


Поради тоа што незгодата се случила непосредно пред да оди во Катар, докторите донеле одлука дека Јошко може да игра, под услов да носи заштитна маска која е посебно приспособена на неговото лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk