(Видео) Новак се разнежи како никогаш досега, па со својот емотивен говор допре до сите луѓе во светот: „Кога ќе ме погледне, тоа е нешто најубаво на светот...“

Супермен

23/01/2023

21:46

11.362

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето на Австралија опен зборувал емотивно за своите деца Стефан и Тара.

Легендарниот ас Џим Куриер по завршувањето на натпреварот на Ѓоковиќ му поставил прашање за неговите деца и Новак целосно се разнежил во тој момент.

Куриер го интересирало дали Стефан и натаму ужива во тенисот:

„Стефан сака да игра тенис, ужива во тоа. Најважно од сè е тоа што тој го сака тоа што го прави. Секако, јас како татко сакам да бидам активен и здрав. Тој сака тенис, го гледа секој натпревар. Кога ќе дојдам дома за мене нема пауза од тенисот, морам да играм со него секој ден. Којзнае, можеби еден ден Стефан и јас ќе се вратиме тука заедно да играме во двојки“, изјавил Новак.

Новак не крие дека ужива во улогата на татко:

„Да се биде татко на два прекрасни ангели е најдоброто искуство кое можев да го доживеам во животот“.

Особено емотивен бил додека зборувал за својата принцеза Тара:

„Нејзе тенисот не ја интересира. Сака балет, гимнастика. Многу слатко девојче е. Секој ден ме мотивира и прави да бидам приземјен. Кога ќе ме погледне таа, тоа ми е најубавиот поглед на светот. Ми недостасува“, се разнежил Новак.


Да ве потсетиме, српскиот ас се избори за пласман во четвртфиналето поради тоа што убедливо го совлада Алекс де Минор со 6:2, 6:1, 6:2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk