(Видео) Американка споредила сметки за исти намирници во 2020 и 2023 година, разликата е огромна

Супермен

27/01/2023

21:56

9.199

Големина на фонт

а а а

Американката Ејми на ТикТок ги споредила сметките кои за исти намирници ги добила во 2020 година, кон крајот на 2022 година и средината на јануари 2023 година, а забележала раст на цените за 50 отсто.

Поради инфлацијата која во последната година го погоди светот, цените на основните намирници прилично пораснаа. Токму тоа го покажала и Американката, која на ТикТок ги споредила сметката од 2020 година и износот кој на почетокот на 2023 година требала да го плати за истите намирници.

„Пред крајот на 2020 година отидов во „Walmart“ и ги купив сите овие намирници за 10 долари и 9 центи. Во текот на 2022 година, имаше многу приказни за инфлацијата, па отидов и повторно ги купив истите намирници кои изнесуваа 10 отсто повеќе“, навела Ејми во видеото.

Таа открила дека листата на намирници која ја купила била доволна за оброци во текот на една недела за едно лице.

„Оваа недела повторно отидов и ги купив истите намирници, кои сега изнесуваат 15 долари и 10 центи, што е приближно 50 отсто повеќе во однос на крајот на 2020 година“, заклучила таа.

Инаку оваа Тиктокерка на својот профил редовно споделува совети како да заштедите и открива дека многу од цените ги знае напамет и лесно забележува разлика во нивното покачување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk