Јапонците го чуваат тронот: „Toyota“ најпродаван бренд во светот во 2022 година

Супермен

30/01/2023

15:54

3.868

Големина на фонт

а а а

Минатата година, автомобилскиот бренд „Toyota“ испорачал 10,5 милиони возила ширум светот, со што го задржа првото место на листата на најпродавани произведувачи на автомобили.

„Toyota“, во чие сопствеништво се, покрај истоимениот бренд, и „Lexus“ и „Daihatsu“, продала рекордни 8,6 милиони возила во странство, што придонело да се надомести падот на бројот на продадени автомобили на домашниот, јапонски пазар.

Продажбата во Јапонија е намалена за 9,6 отсто, односно на 1,9 милиони возила.


„Volkswagen Group“ (со сите свои брендови) минатата година го зазеде второто место на светот. Претходно овој месец, „VW“ објави дека имал најмала продажба во последните 10 години – минатата година се продадени 8,3 милиони возила.

и „Toyota“ и „Volkswagen“ се соочуваат со потешкотии во своето работење. Меѓутоа, јапонскиот произведувач соопшти дека големата побарувачка во Азија и зголемените производни капацитети на овој континент и Северна Америка придонеле за зголемување на глобалното производство на компанијата од 5 отсто во 2022 година, пренесува „Reuters“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk