Милионер одлучил да донира 99 отсто од богатството, на децата нема да им остави ништо: „Важно е тие да работат“

Супермен

31/01/2023

15:16

6.842

Големина на фонт

а а а

Дејвид Фишвик е милионер кој се одлучил на необичен потег за да ги мотивира своите деца да работат, пишува „Daily Star“.

51-годишниот Британец имал скромни почетоци – не завршил училиште и се вработил како градежен работник.

Дејвид започнал да заработува основајќи компанија која се занимава со продажба на минибуси, а богатството го стекнал по финансиската криза во 2009 година, кога основал сопствена банка која им помага на локалните компании во напредувањето, а неговата приказна е преточена во серијата на „Netflix“ – „Bank of Dave“.

Богатството на Фишвик е проценето на околу 500 милиони долари, но милионерот изјавил дека нема намера да им го остави на своите деца.

Наместо тоа, тој одлучил да донира 99 отсто од своето богатство за неговите деца да останат мотивирани во работата, додавајќи дека „не сака да ги оптоварува со своите пари“.

„Важно е децата да работат бидејќи сум видел многу луѓе кои станале успешни и богати и ги разгалиле своите деца, кои воопшто немаат разбирање за пари“, објаснил Дејвид, додавајќи: „Ќе подарам 99 отсто од своето богатство кога ќе починам, без разлика која недела или година е“.


Фишвик додал и дека некогаш работел три работи одеднаш, поради што развил извонредна етика која сака да им ја пренесе на своите деца.

„Важно е да имате работна етика и мислам дека напорната работа ве става таму каде што среќата ќе ве пронајде. Моите деца не секогаш се сложуваат со тоа, но се добри деца“, раскажал милионерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk