Го симна францускиот магнат од тронот: Маск е повторно најбогатиот човек на светот

Супермен

28/02/2023

10:39

4.134

Големина на фонт

а а а

Илон Маск повторно е на врвот на листата на „Bloomberg“ на најбогатите луѓе на светот.

Извршниот директор на „Tesla“ беше симнат од тронот од страна на Бернар Арно, извршен директор на францускиот конгломерат на луксузни брендови „LVMH“, во декември минатата година, по што Маск беше на второто место повеќе од два месеци.

Од понеделникот порастот на акциите на „Tesla“ го врати Маск назад на врвот на индексот на милијардери во реално време, пренесува „CNN“.

Нето вредноста на Маск изнесуваше околу 187,1 милијарда долари во понеделникот по затворањето на берзите, според „Bloomberg“, што го надмина богатството на Арно од 185,3 милијарди долари.

Акциите на „Tesla“ нагло паднаа минатата година поради проблематичната аквизиција на Маск на Твитер и поширокиот пад на пазарот на технологијата.


Американскиот милијардер сега ја носи титулата најбогата личност на светот, но исто така го држи рекордот за најголемо богатство кое некој го изгубил во историјата.

Кон крајот на минатата година, Илон стана првата личност која загубила 200 милијарди долари, откако неговата нето вредност падна од околу 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk