„Најлошите 90 секунди во животот“: Љубовницата на Трамп ги откри неговите способности во кревет

Супермен

22/03/2023

14:29

4.987

Големина на фонт

а а а

Аферата на Доналд Трамп со Стефани Клифорд, попозната како Сторми Даниелс, од 2006 година е главна тема на светските медиуми.

Во 2011 година американската старлета и порно ѕвезда откри шокантни детали од интимната врска со поранешниот претседател на Америка. Таа отиде дотаму што ја опиша сексуалната поза, но и времетраењето на истата што се случила откако се сретнале во казино во Лејк Тахо, Невада, по хуманитарниот голф турнир на познати личности.

„Сексот не беше ништо лудо. Тој не сакаше да ме врзува со синџир за креветот или нешто слично. Тоа беше една поза и најлошите 90 секунди во мојот живот. Дефинитивно можам да ја опишам неговата вештина совршено, ако некогаш морам“, рече таа тогаш и додаде дека Доналд јасно ѝ кажал дека сака повторно да ја види.


„Ме намами на разговор и секс и ми вети дека ќе ми даде улога во својата емисија ‘The Apprentice’. Немав нереални очекувања дека навистина ќе бидам во шоуто. Сега се прашувам дали сето тоа беше е*ена лага само за да ме однесе во кревет. Изгледа дека му успеа“, рече Сторми, која тогаш се закани дека би можела детално да ги опише способностите и перформансот на Трамп во спалната соба, што би му наштетило на неговиот углед, но и брак.

Поради она што ѕвездата на филмовите за возрасни го изнесе во јавност, се променила динамиката на бракот на Меланија и Доналд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk