[ВИДЕО] Коза истрча на патеката за време на трка во Албанија: „Одлична земја, само внимавајте …“

Супермен

12/05/2025

16:01

670

Големина на фонт

а а а

За време на третата етапа од Џиро д’Италија 2025, која се возеше низ Албанија, се случи необичен инцидент!

Имено, за време на трката една планинска коза истрча на патеката и за малку ќе го собореше велосипедистот Дион Смит, кој успеа навреме да сврти и да го избегне падот.

Инцидентот се случи на брзо спуштање во близина на градот Влора, а за среќа, никој не беше повреден.

„Сите свртеа лево, јас избрав десно, и на крајот сè излезе добро. Албанија е одлична, само внимавајте на козите“, изјави Смит за Eurosport.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk