[ФОТО] Новата "Toyota RAV4" пристигнува порано од очекуваното

Супермен

12/05/2025

17:04

1.145

Големина на фонт

а а а

Премиерата е закажана за 21 мај, но веќе се појавија првите детали за екстериерот и ентериерот.

"Toyota" ги објави првите официјални фотографии од новата генерација на моделот "RAV4", иако сè уште не е потврдено официјалното име. Премиерата е најавена за 21 мај, а првите информации за изгледот надвор и внатре веќе се достапни.

Новата "RAV4" го задржува препознатливиот облик, но добива помодерен преден дел инспириран од моделите "Prius" и "Camry", пишува "CarScoops'.


Како што се наведува, новите "LED" дневни светла и пошироката маска му даваат подинамичен изглед.

Промените од страните и задниот дел се посуптилни во однос на актуелниот модел, и вклучуваат целосна "LED" светлосна лента на задниот дел и контрастни заштитни елементи.


Ентериерот изгледа значително помодерно – забележливи се дигитална инструмент табла, голем централен екран и редизајнирана централна конзола со нова рачка за менувачот.

Внатрешноста повеќе потсетува на новиот "Prius" отколку на претходните "SUV" модели на "Toyota".


Иако се очекуваше целосно нова механичка платформа, "Toyota" ќе ја задржи постојната "TNGA-K" основа, но со одредени унапредувања.

Се очекува новиот "RAV4" да има хибриден погон, сличен на оној кај "Camry" – 2.5-литарски бензински мотор во комбинација со еден или повеќе електромотори, со можност за погон на сите тркала.


Во план е и "plug-in" хибридна верзија, а се зборува и за целосно електричен модел, иако сè уште нема официјална потврда.

Во секој случај, "Toyota" сака да остане лидер во сè поконкурентниот "SUV" сегмент, каде што ѝ се закануваат модели како "Honda CR-V", "Mazda CX-5","Hyundai Tucson" и "Kia Sportage".

Продажбата на новата "Toyota RAV4" најверојатно ќе започне на есен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk