Бременоста помина, синот расте, но едно е сигурно – Емили Ратајковски сè уште сака да се фотографира без облека!
Една од најпопуларните манекенки на денешницата, Ратајковски, воедно е и најгордата мајка во светот.
Таа го доби синот Силвестер Аполо Бер на 8 март 2021 година, заедно со сега веќе поранешниот сопруг Себастијан Бер Меклард, а Силвестер неодамна го прослави својот четврти роденден.
По тој повод, но и по повод Денот на мајките, Емили се потсети на емотивни моменти од нејзиниот живот, но и на нејзиниот наследник, кој е „центар на нејзиниот свет“.
Имено таа објави компилација од разголени фотографии на Инстаграм, а меѓу нив се и оние со синот додека го доела.
Нејзините обожаватели веднаш реагираа, а повеќето од нив ѝ го честитаа празникот – Денот на мајките!
„Среќен празник, мамо“, „Ти си преубава жена и прекрасна мајка“, беа само дел од нив.