(Видео) Џорџина ги „запали“ социјалните мрежи: Се нижат критики на сметка на партнерката на Роналдо по најновото интервју

Супермен

23/03/2023

19:35

9.273

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез, инфлуенсерката и партнерка на Кристијано Роналдо, привлече внимание со контрадикторните изјави во интервју во емисијата „El Hormiguero“, тврдејќи дека таа и фудбалерот не се материјалисти, но попатно „се фалела“ со подароците што му ги купила.

Џорџина Родригез гостувала во емисијата „El Hormiguero“ на шпанската телевизија Антена 3, каде зборувала за претстојната втора сезона од серијата „Soy Georgina“ која утре пристигнува на Нетфликс.

Меѓу другото, инфлуенсерката и партнерка на Кристијано Роналдо проговорила и за деталите од нивниот приватен живот, а поради еден коментар ги „запали“ социјалните мрежи.

Имено, Родригез зборувала за тоа како го поминале нејзиниот роденден и што ѝ подарил Роналдо. Откако Бурџ Калифа блесна во нејзина чест за претходниот роденден, таа откри дека Кристијано ѝ го подарил „своето време“ оваа година.

„Случајно, родендените секогаш се совпаѓаат со натпреварите и поминавме неколку заедно во текот на неговата кариера. Оваа година ми го посвети своето време и се чувствував многу среќно“, рекла таа.

На прашањето на водителот Пабло Мотос што му купува на маж кој има сè, таа нагласила дека тие не се материјалисти, но дека му подарила три автомобили и дека тоа нема да го повтори бидејќи не е оригинално.

Контрадикторниот одговор на инфлуенсерката привлече внимание на социјалните мрежи, а набрзо на нејзина сметка се појавија коментари и бројни критики.

„Кристијано не е материјалист... Му купив три автомобили“, целото интервју е вакво, површност и луксуз“, гласи еден од низата слични коментари.

Интервјуто брзо стана вирално на Твитер, со коментари кои се претежно критички настроени кон изјавите на Џорџина, која оддава „екстравагантен приказ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk