Ќерката на Синди Крафорд во никогаш попредизвикувачко издание: Ужива со најпосакуваното момче во Холивуд на егзотична дестинација

Супермен

24/03/2023

17:03

7.203

Големина на фонт

а а а

Таа е една од најуспешните млади манекенки, а тој еден од најуспешните млади актери во Холивуд.

Откако заедно се појавија на „Vanity Fair“ забавата по доделувањето на Оскарите пред две седмици во Лос Анџелес, тие отпатувале на егзотична дестинација.


Каја Гербер и Остин Батлер деновиве уживаат во Мексико. Минатото лето тие биле на одмор заедно со нејзините родители Синди Крафорд и Ренди Гербер, како и братот Пресли.

Овојпат познатиот пар ужива сам, а Каја избрала да носи костим за капење којшто дефинитивно потврдува дека сака предизвикувачки модели.


Папарацо фотографите успеале да забележат и повеќе од интересни сцени, детали од вилата во која престојуваат, начинот на кој познатиот пар ги користи своите слободни денови и моден избор на познатата наследничка.

Инаку, Каја и Остин се во врска од декември 2021 година, а тој пред неа со години се забавувал со актерката Ванеса Хаџинс со која имал непријатна средба на „Vanity Fair“ забавата.


Ванеса претходно го советувала актерот дека треба да ја толкува улогата на Елвис Присли што и се остварило во филмот „Elvis“, а Батлер за таа улога беше номиниран и за Оскар во категорија најдобар актер, но сепак не успеа да се закити со златната статуетка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk