Мислите ли дека се задоволени или сепак им недостасува малку акција? Еве колку често всушност жените посакуваат секс

Супермен

27/03/2023

14:30

5.796

Големина на фонт

а а а

Веројатно милион пати досега сте го слушнале тврдењето дека иницијатори за секс главно се мажите.

Меѓутоа, оваа теорија „паднала во вода“. Новата студија покажала дека 75 отсто од жените сакаат, минимум – три пати неделно.

Испитани биле над 5.000 жени, од кои 46,8 отсто биле задоволни со својот сексуален живот.

Од друга страна, 53,2 отсто би сакале почесто да имаат сексуални односи.


Кога станува збор за оргазам, околу 38,6 отсто од жените доживеале оргазам барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив почесто, 16,2 отсто повремено, а 10,2 отсто имале редовен повеќекратен оргазам. Дури 8,4 отсто од жените ретко доживеале оргазам во текот на сексот со партнерот, а само 2,8 отсто никогаш.

Студијата потврдила и дека на жените за добар секс најважна им е поврзаноста, односно постојаните заемни чувства. Тоа го сметаат 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив предиграта ја гледаат како клуч на сето тоа.

Како останати фактори се наведуваат комуникацијата 10,4 отсто, редовна сексуална активност 7 отсто, воведување новитети и разновидност 4 отсто.


Се докажало и кои негативни фактори најмногу влијаат на сексуалниот живот на жените:

- Стрес (32,2 отсто);

- Лоши односи со партнерот (28,2 отсто);

- Несигурност поради физички изглед (20 отсто);

- Грижа околу малите деца (11,8 отсто).



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk