Почина новинарот поради кој Ибрахимовиќ заплака во емисија во живо: Ја загуби тешката битка со болеста

Супермен

27/03/2023

21:27

6.191

Големина на фонт

а а а

Холандскиот новинар и портпарол на ПСВ, Тајс Слегерс, почина на 46-годишна возраст, објави во понеделникот фудбалскиот клуб од Ајндховен.

На Слегерс во октомври 2020 година му била дијагностицирана акутна леукемија по што бил подложен на трансплантација на матични клетки и на почетокот закрепнал, но во февруари дознал дека болеста се вратила.

Тајс беше добар пријател со Златан Ибрахимовиќ кој минатиот месец се јави во живо во една холандска емисија и се вклучи во акцијата за поддршка на Слегерс.

„Тој беше мојот единствен пријател во Холандија, кога бев изгубен, млад, збунет и мислев дека немам никого. Се појави тој новинар кој ме контактираше и, морам да кажам, во тоа време новинарите не беа мои пријатели“, открил Ибрахимовиќ и додал:

„Тој одлучи сам да ми се јави, го оствари тој прв контакт, се најдовме на ручек и оттогаш станавме многу добри пријатели. Игравме тенис заедно, се дружевме, тој многу ми помагаше, ми даде увид како нештата функционираат во Холандија. За Тајс пишував и во мојата книга, секогаш ќе му останам благодарен за сè. Отсекогаш бил во моето срце“.

Фудбалерот потоа му се обрати директно на Тајс:

„Тајс, единствено што сакам сега да ти кажам е дека те сакам, мој пријателу“, кажа Златан кој не можеше да ги запре солзите, што го расплака и неговиот пријател и ги трогна сите во студиото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk