Многумина нивните погледи и насмевки во текот на состанокот ги протолкувале како почеток на нова романса.
Британецот Дејвид Мајер де Ротшилд е член на семејството Ротшилд и најмлад од трите деца на Викторија Лу Шот и Сер Евелин де Ротшилд од Англија.
Неговото средно име „Мајер“ е земено од името на основачот на банкарското царство на семејството Ротшилд, Мајер Амшел Ротшилд.
Тој е најмлад наследник на банкарското богатство на своето семејство – де Ротшилд, роден во 1978 година во Лондон, во Англија.
Неговата мајка била Американка, ќерка на Марисеј Лу и инвеститорот Луис М. Шот.
Како тинејџер, де Ротшилд бил најдобро рангиран скокач во скок со коњи во британскиот јуниорски тим. Подоцна се откажал од спортот за да продолжи да се образува.
Дејвид Мајер де Ротшилд завршил Оксфорд Брукс и добил диплома на политички науки и информациски системи. Во 2002 година се запишал на други студии во Лондон каде се стекнал со дипломата за природна медицина.
На 20 години де Ротшилд започнал свој сопствен бизнис во областа на музиката којшто подоцна го продал и купил органска фарма на Нов Зеланд. Потоа бил повикан да учествува во поларна експедиција. Ова искуство го претворило во екоавантурист.
Во 2006 година де Ротшилд поминал над 100 дена преминувајќи го Арктикот од Русија до Канада со што станал еден од само 42 лица и најмладиот Британец којшто некогаш стигнал до двата географски пола.
Неговите експедиции исто така довеле до основање на организацијата „Адвенчр Еколоџи“. Таа служи како заедница и мрежа за дискусија за климатските промени и поврзаните проблеми со тоа прашање.
Токму неговите активности довеле до контакт со Анџелина Џоли, а доколку судиме по говорот на тело којшто може да се „прочита“ во текот на нивниот разговор би можело да се каже дека меѓу нив освен што има интересирање за здрава животна средина, можеби може да има и нешто повеќе.
Што мислите вие?