(Видео) Хју Грант: „Поради телефоните повеќе никој не се опива на филмските сетови и тоа е толку тажно“

Супермен

28/03/2023

21:13

4.233

Големина на фонт

а а а

Актерот Хју Грант смета дека мобилните телефони ги направиле филмските сетови „многу чудни“ бидејќи актерите повеќе „не се опиваат и не се заљубуваат едни во други“.

Грант дал коментар во текот на гостувањето во „The Late Show With Stephen Colbert“, каде го промовирал својот нов филм „Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves“, базиран на познатата друштвена игра „Dungeons & Dragons“.

Водителот Стивен Колберт го прашал актерот дали некој од неговите колеги се обидел да го натера да ја игра играта на која се базира филмот, по што тој признал дека не ја разбира.

„Мислам дека Крис Пајн повремено се обидуваше. Се зборуваше за тоа, но... не знам. Филмовите се сега многу чудни. Чудни се бидејќи во минатото, до крајот на втората недела сите навечер се опивавме и вечеравме, и се заљубувавме едни во други и сето тоа. Сè тоа престана поради телефоните. Сите одат дома и гледаат Твитер. Тоа е толку тажно“, изјавил Хју.

„Тоа значи дека, ако нема телефони на сетот, ќе има уште афери?“, го прашал водителот.

„Да, мислам дека е така. Знаете, Тарантино забранил телефони на своите сетови и тоа е сосема во ред. А луѓето таму, тие меѓусебно имаат сексуални односи, така ми е кажано“, рекол Грант.

Неговото интервју со Ешли Греам наиде на бројни критики

Претходно овој месец, Грант наиде на остри реакции откако исечок од непријатното интервју со плус-сајз манекенката Ешли Греам на Оскарите стана вирален. Во текот на интервјуто, Британецот давал цинични одговори на нејзините прашања и изгледало како да не сака да биде таму.


Додека некои гледачи го оценија Хју како безобразен и рекле дека целата ситуација е прилично чудна, други го бранеа актерот тврдејќи дека тоа било обид за британски хумор, но дека Греам не го сфатила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk