Нестварниот Кари ја изимитира генијалноста на Дончиќ со својата послаба рака

Дерби

29/03/2023

11:25

5.642

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт рано утрово го играше најважниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, а кога најмногу беше потребно, до израз дојде најдобриот играч на бранителнот на титулата во НБА лигата.

„Воините“ успеаја да го победат Њу Орлеанс во директната битка за шестото место на табелата, па сега доста помирно ќе можат да се насочат на последните пет меча, од кои три се на гостински терен.

Лидер во победата од 120:109 беше нереалниот Стеф Кари кој мечот го завшри со 39 поени, 8 скокови и 8 асистенции, но и исто толку постигнати тројки од 15 обиди.

Кари беше навистина незадржлив за противничките играчи и воодушеви со разновидни потези, но успеа да ја изимитира и генијалноста на Лука Дончиќ од пред само еден ден.

Стеф се најде во доста лоша позиција и затворен во речиси мртов агол, но потоа со послабата лева рака успеа да го пронајде Клеј Томпсон на извонреден начин, по што овој погоди тројка во свој стил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг