„Сите спиеја со твојата девојка, цел стручен штаб“: Мурињо вистината му ја кажал во лице, па Озил морал да преземе нешто...

Супермен

30/03/2023

09:28

10.449

Големина на фонт

а а а

Познатиот фудбалер Месут Озил неодамна одлучил да се пензионира и да ја заврши својата кариера во фудбалот.

Можеби ова му е најдобра одлука, со оглед на тоа што години наназад не игра на своето препознатливо ниво.

Зад себе тој има феноменална и богата кариера, а најдобрите натпревари ги одигра во дресот на Реал Мадрид во кој играше од 2010 до 2013 година.


Пред неколку години шпански „Ел Конфиденсијал“ објави видеа од разговори на Флорентино Перез на кои се слуша дека тој сè знаел за љубовниот живот на Месут Озил, а за неговата тогашна девојка немал баш убави зборови.

Инаку, Озил во тоа време се забавувал со венецуелската манекенка Аида Јеспико.

„Озил се заљуби во една манекенка од Милано. Мурињо му рече дека со неговата девојка спиел цел тим на Милан, цел тим на Интер и цел стручен штаб. Мислам дека Озил после таа изјава раскина со неа. Месут имаше 21 година кога дојде со девојката, но набрзо потоа ја препозна магијата на Мадрид и го промени стилот на живот. Ја избрка тогашната девојка и ја замени со манекенка. Користеше приватен авион за да оди кај неа, да ја заврши работата и да се врати“, изјавил Перез на тоа видео, а може да се каже дека после тоа Мурињо и Озил биле во конфликт затоа што на германскиот фудбалер не му се допаднало како зборува тој за Аида.


Непосредно после тоа Озил и Аида ставиле точка на својата врска, а потоа германскиот фудбалер се оженил за шведската актерка со турско потекло, Амина Гулише.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk