(Видео) Така се прави тоа! Откриено зошто Новак Ѓоковиќ на млад навивач му дал 100 евра, морал да му се „оддолжи“ поради еден потег...

Супермен

30/03/2023

10:25

5.977

Големина на фонт

а а а

Црвен Ѕвезда ја победи Валенсија во 31-то коло од Евролигата и сè уште ги задржа теоретските шанси за пласман во ТОП 8 елитното натпреварување.

Меѓутоа, после натпреварот не се зборувало за мајсториите на спортистите, туку за Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на светот, иако така не пишува на АТП листата, повторно ги бодрел црвено-белите, но овојпат бил во центар на внимание и по завршувањето на дуелот во салата „Александар Николиќ“.

Новак Ѓоковиќ се фотографирал со младите навивачи на Црвен ѕвезда, а потоа од џебот извадил 100 ера и ги ставил во џебот на еден од нив. Сите се прашувале зошто го направил тоа, а набрзо потоа следело објаснување.

Во редакцијата на српски „Курир“ се јавил еден од нив и разјаснил што навистина се случило.

Имено, тој и неговото друштво во близина на салата ја нашле платежната картичка на Новак. Веднаш потоа тргнале да му ја вратат, а обезбедувањето им дозволило да му пријдат на тенисерот и да му ја вратат картичката.


Кога му пришле, Новак се израдувал и срдечно ги поздравил, што може да се види на видеото.

„Тоа сте вие момци. Ви благодарам многу. Секоја чест за вас“, им рекол Ѓоковиќ на младите момчиња кои од него побарале само да се фотографираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk