Руши рекорди: Римејкот на хит-играта од 2005 година продаден во 3 милиони примероци за 2 дена

Супермен

30/03/2023

18:00

4.487

Големина на фонт

а а а

Римејкот на играта „Resident Evil 4“ веќе оствари голем успех. Тој беше објавен на 24—ти март, а во првите 2 дена е продаден во неверојатни 3 милиони примероци ширум светот, објави издавачот „Capcom“.

Ова е најдобар успех на било кој римејк на „Resident Evil“. Римејкот на „RE 2“ беше продаден во 3 милиони примероци во рок од една недела, а римејкот на „RE 3“ дури по една и пол година на пазарот стигна до бројка од 3,9 милиони продадени примероци.

„Capcom“ напоменува дека продажбата на римејкот на „Resident Evil 4“ ги надмина сите очекувања.

„Вкупната продажба на игрите од франшизата сега надминува 135 милиони примероци од првиот наслов објавен во 1996 година“, пишува во извештајот на компанијата.

Оригиналната „Resident Evil 4“ е објавена во 2005 година, а во новата игра приказната е преработена и модернизирана.

„Изданието од 2023 година ќе им овозможи на фановите освежувачко искуство на играње, со многу импресивни визуелни прикази со помош на врвна графичка технологија“, пишува „Capcom“.


„Resident Evil“ е јапонска серија на хорор видеоигри за преживување и франшиза создадена од страна на „Capcom“. Таа ја следи приказната за биолошко оружје и вирусни инциденти, а првата игра ја создадоа Шинџи Миками и Токуро Фуџивара, објавена за „PlayStation“ во 1996 година.

„Resident Evil“ е најпродавана франшиза за видеоигри на компанијата, која влијаеше на популарната култура, инспирирајќи ги популарните медиуми во индустријата на видеоигри, филм и телевизија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk