Апсолутен хит за ова лето: Една од најубавите водителки на светот позираше во супер-тренди костим за капење

Точка

26/04/2023

15:30

7.030

Големина на фонт

а а а

Пилар Рубио, според многумина најубавата водителка на светот, ја претстави новата колекција на костими за капење кои ги дизајнирала во соработка со модната куќа „Selmark“.

Најголемо внимание привлече моделот „Miranda“, едноделен костим за капење покриен со цветен дезен. Костимот веќе може да се нарача на веб-страницата и чини 118 евра.


Инаку, 45-годишната Пилар е позната шпанска телевизиска новинарка и водителка.

Студирала економија, а пред да почне да работи како новинарка, работела како модел и се појавувала во бројни реклами. Пред 16 години таа доби награда за нејзината работа на телевизија.

Од 2014 година е во врска со фудбалерот Серхио Рамос, со кој се омажи пред четири години. Парот во бракот доби четири сина - Серхио, Алехандро, Максима Адријано и Марко.