Славниот „The Weeknd“ го менува името, одлучил да се врати на етиопските корени – од каде го добил својот прекар под кој е светски познат?

Супермен

16/05/2023

20:53

6.910

Големина на фонт

а а а

Славниот поп музичар „The Weeknd“ неодамна на социјалните мрежи го смени своето уметничко име и го врати вистинското – Абел Тесфаје.

Имено, славниот пејач минатиот месец на Твитер ги праша своите фанови за мислење за оваа промена во својата кариера. Неговата објава тогаш доби над стотина илјади допаѓања.


Промената на името доаѓа откако наградуваниот музичар во медиумите изјави дека не сака да го препознаваат по уметничкото име. Тој претходно изјави дека овој прекар го добил уште како тинејџер кога го напуштил училиштето во текот на еден викенд и никогаш повеќе не се вратил во него.

„Моментално поминувам низ катарзичен пат. Доаѓам до местото и времето кога се подготвувам да го затворам поглавјето на уметничкото име „The Weeknd“. Како „Weeknd“ кажав што имав да кажам“, наведувајќи дека наредниот албум ќе биде последен под тоа име.

Инаку, овој 33-годишен пејач е роден во Торонто во семејство со етиопски имигранти, а се прославил откако во 2010 година ја прикажал својата песна на Јутјуб, прикажувајќи ја мрачната страна на R&B музиката.


Во текот на својата кариера тој освоил четири Греми награди, има над 45 платинести синглови и албуми, а во март 2023 година Гинисовата книга на рекорди го прогласи за најпопуларен уметник на светот поради бројот на месечни слушатели што ги има на „Spotify“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk