Кристијано Роналдо ги „распамети“ фановите со објава од теретана, фотографијата за неколку минути доби 1 милион лајкови

Супермен

19/12/2025

13:30

811

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо за помалку од два месеци ќе го прослави својот 41-ви роденден, но и понатаму е посветен на тренинзите како на самиот почеток од кариерата.

Португалскиот ас во текот на целата кариера беше во совршена физичка форма и токму благодарение на своите ненадминливи физички способности, но и на работната етика и талентот, го зацврсти своето место на самиот врв на фудбалската историја, заедно со Лионел Меси.

Дека и во петтата деценија од животот секојдневно тренира напорно, Роналдо покажа со најновата фотографија објавена на Инстаграм, која ги „распамети“ неговите фанови.


Роналдо позираше во боксерки во својата теретана, а во описот на фотографијата напишал „по сауна“. Погледот на сите фанови веднаш застанал на неговото извајано тело, на кое јасно се оцртува секој мускул, па не е ни чудо што за само неколку минути доби 1 милион лајкови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk