„Доброволната регистрација сè уште не е отворена. Наскоро ќе објавиме повеќе информации“, се вели меѓу другото во објавата на компанијата на "Twitter".
"Neuralink" доби одобрение од Управата за храна и лекови на САД да ги иницира првите клинички истражувања на луѓе. Тоа што сопственикот на компанијата, Илон Маск, го најави на почетокот на декември минатата година, дека ќе го тестира мозочниот чип на луѓе за шест месеци, наскоро ќе стане реалност.
We are excited to share that we have received the FDA’s approval to launch our first-in-human clinical study!
— Neuralink (@neuralink) May 25, 2023
This is the result of incredible work by the Neuralink team in close collaboration with the FDA and represents an important first step that will one day allow our…
„Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека "FDA" го одобри иницирањето на првите клиничка истражувања на луѓе! Ова е резултат на неверојатната работа на тимот на "Neuralink" во тесна соработка со "FDA" и е важен прв чекор што еден ден ќе дозволи нашата технологија да им помогне на многу луѓе. Волонтерството сè уште не е отворено. Наскоро ќе објавиме повеќе информации“, рече Neuralink во објавата на Твитер.
За време на презентацијата на "Neuralink" на почетокот на декември, Маск го објави напредокот на нивниот безжичен мозочен чип. Покрај предвидувањето на клиничките испитувања, Маск рече дека планира да си вгради еден од чиповите.
„Сакаме да бидеме исклучително внимателни и да се погрижиме дека работи добро пред да го ставиме уредот во некоја личност“, рече тогаш Маск.
Од „Neuralink“ велат дека развива интерфејси „мозок-чип“ кои би можеле да го вратат видот на луѓето, дури и на оние родени слепи, како и да ја вратат „функционалноста на целото тело“, вклучително движење и вербална комуникација, за луѓе со оштетени’рбетни мозоци.