Некогашната избраничка на Нејмар ги украла погледите со своите облини на плажа: Поради овие фотографии никој нема да остане рамнодушен

Супермен

08/06/2023

23:55

9.567

Големина на фонт

а а а

Каролина Лима, бразилски модел и инфлуенсерка, позната е по бујните, раскошни облини, а на социјалната мрежа Инстаграм има над 4 милиони следбеници.

Таа на оваа социјална мрежа често се фали со својата неверојатна фигура на тело, а дека нејзините атрибути не се плод на фотошоп или добри пози докажуваат и неодамнешните папарацо фотографии.


Имено, папарацо фотографите успеале да ја фотографираат на една плажа во Мајами.

Атрактивната русокоса уживала во сончањето и капењето, а на плажа се појавила во минијатурно бикини кое ги истакнало нејзините облини.

Инаку, Каролина на јавноста ѝ е позната како избраничка на Нејмар, а подоцна запловила во романса со уште еден фудбалер – Едер Милитао, моментален играч на Реал Мадрид.


Таа со Едер минатата година ја добила ќерката Сесилија, но целиот настан не поминал без драма. Имено, фудбалерот ја напуштил Лима само неколку денови пред породувањето, но тука не е крајот. Тој започнал и судски процес за алиментацијата на детето да ја намали на само 1.100 евра месечно, без оглед на фактот што заработува по 7 милиони евра годишно.

„Милитао сè уште напредува, неговата професија е нестабилна и нема можност да испраќа повеќе пари“, изјавил адвокатот на фудбалерот како образложение за стореното.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk