Луѓето кои ги возат овие модели на автомобили се најлоши во сообраќајот – погледнете кои спаѓаат во најпристојни

Супермен

08/06/2023

15:21

6.661

Големина на фонт

а а а

Секојдневно се среќаваме со неодговорни возачи, а неретко доаѓа до сериозни инциденти поради таквите во сообраќајот.

Сепак, кој е најнеодговорен зад воланот? Еден од одговорите на тоа прашање го дала осигурувачката куќа „GoShorty“ која направила големо истражување спроведено на 2000 возачи во Велика Британија.

Нивната анкета открила кои марки на автомобили ги возат најнепристојните возачи.


Според резултатите од анкетата која ја пренесува „Daily Mail“, најлоши се возачите на „BMW“. Дури половина од испитаниците изјавиле дека возачите на „BMW“ се најнепријатни, додека возачите на „Audi“ во оваа категорија освоиле 28 отсто од гласовите.

Неславната топ 5 листа ја комплетираат „Mercedes“ (17 отсто), „Land Rover“ (15 отсто) и „Porsche“ (11 отсто).

Од друга страна, возачите на „Ford“ се прогласени за најпристојни, освојувајќи 21 отсто од гласовите, а по нив следат возачите на „Kia“ (16 отсто), додека возачите на „Toyota“, „Nissan“ и „Volvo“ се изедначени со по 15 отсто.


4 од 10 испитаници (40 отсто) велат дека редовно се среќаваат со непристојно однесување на патиштата низ земјата – во просек дури 6 пати неделно.

Две третини (61 отсто) признаваат дека и самите се однесувале агресивно зад воланот, а повеќе од половина возачи (58 отсто) се согласуваат дека марката на автомобилот не е важна и дека е виновно лицето кое вози.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk