(Видео) Патописец тврди: Ова се 10-те најубави локации од поранешна Југославија

Точка

25/07/2023

13:54

14.545

Големина на фонт

а а а

Босанскиот авантурист и патописец Роберт Дацешин ги издвоил најубавите место на територијата која некогаш ја опфаќала Југославија.

„Ех, да останевме истата држава, каква држава ќе бевме човеку – планини, море, стари градови, реки и езера, имавме се“, рекол Роберт во видеото кое го објавил на својот канал на „Youtube“.

Нагласил дека листата ја направил сам и дека локациите се одбрани исклучиво според негово мислење.

На листата која Дацешин ја составил има 4 места во Хрватска, 2 во Србија, и по едно од Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија.

Веројатно претпоставувате, станува збор за Охрид, кој според Дацешин се наоѓа на високото второ место.

Ова се 10-те најдобри места во поранешна Југославија според неговиот избор:

1. НП Плитвички езера, Хрватска

2. Охрид, Македонија

3. Хвар, Хрватска

4. Котор, Црна Гора

5. Национален парк Тара, Србија

6. Дубровник, Хрватска

7. НП Сутјеска, Босна и Херцеговина

8. Блед, Словенија

9. Нови Сад, Србија

10. Шибеник, Хрватска

Инаку, Роберт ја напуштил класичната канцелариска работа за да патува низ светот, а своите впечатоци ги пренесува преку видена на „Youtube“ каналот каде го следат повеќе од 100.000 луѓе.