Ова е прашањето кое Илон Маск го поставува на кандидатите за работа: Ако го одговорите точно, вие сте генијалец

Супермен

08/08/2023

13:42

8.250

Големина на фонт

а а а

Во биографијата на овој милијардер е наведено дека му била потребна „мозгалка“ која би ја задал на кандидатите за позицијата инженер во „SpaceX“.

Треба да бидете исклучително интелигентна личност како би биле повикани на интервју за работа со Илон Маск, но како би го решиле неговиот тест – треба да бидете гениј.

Како би проверил дали се способни да решат некој проблем, Маск поставил едно прашање кое на многумина им „задало главоболка“.


Прочитајте внимателно!

Прашањето е: „Стоите на површината на Земјата. Одите една милја кон југ, една милја кон запад и една милја кон север. Завршивте на истото место од каде што тргнавте. Каде се наоѓате?“

Дали го знаете решението?

Одговорот на прашањето на Маск треба да се бара на место каде што не важат истите географски правила, како и во остатокот од светот.

Во повеќето ситуации, ако тргнете по тој правец југ-запад-север, ќе завршите една милја западно од местото од каде што сте тргнале. Тоа нема да биде случај, ако сте – на Северниот пол! Следејќи ги упатствата на Маск, би се движеле во триаголник и ќе се вратите на истата позиција.


„Обични прашања“

Дали одговоривте точно? Ако не, никако не очајувајте. Маск не сакал неговите кандидати да „растураат“ географија, туку едноставно сакал да види како се справуваат со необични прашања.

Сопственикот на „Тесла“ и „СпејсИкс“ сакал да поставува и „обични“ прашања за време на интервјуата за работа. Едно од нив гласело:

„Раскажете ми ја вашата животна приказна и одлуките кои попатно сте ги носеле. Исто така, кажете ми и за најтешките проблеми со кои сте се соочиле и како ги решивте“, прашувал Маск, според „CNBC“.


Деталите се најважни

Маск истакнал дека бара луѓе кои откриваат како точно го решиле проблемот, потсетувајќи се и на најмалите детали. Што е она кое не го барал? Кандидати кои се преправаат и се збунети од прашањата.

Мариса Перек, која се грижела за кандидатите за „Тесла“, кажала дека Маск сакал кратки, интензивни интервјуа, кои траат од 12 до 13 минути. Нејзе ја прашал: „Што те прави вистинската личност да ја градиш мојата компанија? Зошто да ти верувам?“

Сега знаете што би можел да ве праша Маск доколку сте таков среќник и станете кандидат за една од неговите компании.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk