Дали го намалувате звукот на радиото додека паркирате? Постои логично објаснување зошто многумина го прават тоа, а се однесува на безбедноста

Супермен

29/08/2023

19:47

5.874

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте го намалиле звукот на радиото во автомобилот додека паркирате? Многу луѓе ја имаат таа навика, а за ваквиот потег постои многу добро објаснување.

Намалувањето на звукот на радиото додека барате одредена улица, место за паркинг или се возите низ непознато подрачје воопшто не е чудно, туку е природна реакција на мозокот на околностите. Имено, во текот на денот мозокот собира информации од околината со помош на вкусот, мирисот, слухот, видот или допирот, пишува веб-страницата „HowStuffWorks“.

Мозокот секогаш се фокусира на главната задача

Мозокот ги комбинира сите тие информации и на крајот одлучува што ќе прави со нив. Има способност за брзо префрлање од задача на задача и функционира така што постојано проценува што е примарна задача и секогаш повеќе се фокусира на неа отколку на секундарната.


Во ситуација кога мозокот има повеќе задачи, доаѓа до грешки бидејќи започнува помалку да работи ефикасно. Секундите потрошени на префрлање од задача на задача може да го забават неговото извршување, што значи дека може да дојде до задоцнета реакција. Во возењето тоа значи дека би можеле, додека барате одредена улица, да го пропуштите уличниот знак кој би требало да го воочите.

Активности како возење во метеж, барање одредени адреси, возење во опасни временски услови или паркирање бараат поголема концентрација. Со исклучувањето или намалувањето на звукот на радиото во текот на тие активности, за мозокот значи дека се отстранува таа дистракција и фокусот се префрла на примарната задача.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk