(Видео) Јапонскиот премиер изел риба од Фукушима по испуштањето на радиоактивна отпадна вода: „Многу е вкусна“

Точка

30/08/2023

19:35

2.208

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изел „многу вкусна“ риба од Фукушима, прикажува снимката на јапонската влада.

Кишида, имено, јавно консумирал јадење под име сашими, кулинарски специјалитет кој се прави од свежа и сирова риба.

Снимката уследи откако Јапонија неодамна почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна електрана Фукушима во Тихиот океан.

Агенцијата за атомска енергија на ОН соопшти дека испуштањето на таа вода е безбедно и дека ќе има „занемарливо“ влијание на луѓето и животната средина.

Меѓутоа, Кина, инаку главен увозник на риба од Јапонија, во четвртокот објави дека воведува целосна забрана за морски плодови од Јапонија.

Јапонските рибарски здруженија, чиј углед е нарушен поради стравот од радијација откако електраната беше уништена од цунами, долго се противат на намерата на јапонската влада. Се плашат дека доведе до пад на продажбата, вклучувајќи и ограничувања на извоз на поголеми пазари.