Објавена листа на најпопуларни телефони за оваа година, првото место изненади многумина

Супермен

07/09/2023

18:00

10.644

Големина на фонт

а а а

Објавена е листата на најпродавани телефони во светот за првата половина од оваа година, а на неа доминираат две компании.

Иако помеѓу 10-те најпродавани телефони во светот има пет модели на „Apple“ и пет „Samsung“ модели, „Apple“ доминира на врвот на листата, а првите четири најпродавани телефони во светот се моделите на „iPhone“.

Особено е интересно и изненадувачки тоа што во првите шест месеци од 2023 година, најпродаван телефон во светот е „iPhone 14 Pro Max“, најскапиот модел на „Apple“ чија цена започнува од 1.100 долари. Во овој период се продадени 26,5 милиони од овој модел, додека втор најпродаван телефон е „iPhone 14 Pro“, чија продажба достигна 21 милион единици.


Минатата година ситуацијата беше малку поинаква, а најпродаван телефон во првите шест месеци од 2022 година беше „iPhone 13“, продаден во речиси 34 милиони единици, додека на второ место беше „iPhone 13 Pro Max“ со 23 милиони продадени единици. „iPhone 13 Pro“ со 14,8 милиони продадени единици се најде на четвртото место.

Трет најпродаван мобилен телефон оваа година е „iPhone 14“ (16,5 милиони примероци), а „iPhone 13“ сè уште е многу популарен и е на четвртото место со продадени 15,5 милиони единици. Следниот „iPhone“ на оваа листа е моделот „iPhone 11“ и е на десеттото место со речиси 7 милиони продадени единици.


Сите други места ги заземаат телефоните на „Samsung“. На петто место е „Galaxy A14“ (12,4 милиони продадени примероци), на шесто е „Galaxy S23 Ultra“ (9,6 милиони), а потоа следат „Galaxy A14 5G“, „Galaxy A54 5G“ и „Galaxy A34 5G“.

Анализите покажуваат дека во последно време има пад на пазарот на паметни телефони, а тоа особено се однесува на пазарот на уреди од низок и среден сегмент, кои беа најтешко погодени од рецесијата. Од друга страна, зголемена е побарувачката за премиум модели, што најдобро се гледа по тоа што најскапиот модел на „Apple“ е најпродаваниот телефон во светот, а високо котира и најсилниот модел на „Samsung“, „Galaxy S23 Ultra“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk