Американскиот дизајнер Вили Чаварија претстави колекција на извалкана и искината машка долна облека на Модната недела во Њујорк.
Очекувано, реакциите се негативни и многумина навеле дека модата станува сè побизарна.
„Богатите луѓе сакаат да се преправаат дека се сиромашни“, „Мака ми е од вакви дизајнери кои мислат дека се револуционерни“, „Срамотно е што се обидува сиромаштијата да ја направи модерна“, „Можам да замислам како Канје и неговата сопруга одат по улиците на Венеција во овие гаќи“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Чаварија ја започна својата кариера во светот на модата кон крајот на 90-те години. Тој освен што е основач на истоимениот бренд, работи и како дизајнер за „Calvin Klein“.
Вили тврди дека низ парчињата облека кои ги креира, сака да го покрене прашањето на расна нееднаквост, политика и сексуалност.
„Сакам на луѓето да им прикажам облици на убавина кои досега не биле изложени. Сакам во нив да покренам емоции и да им дадам до знаење дека на светот постои толку убавина која не е препознаена“, изјавил дизајнерот претходно во интервју за магазинот „Town & Country“.