„Да беше Новак Американец би имал статуа во секој град, им пречи што доаѓа од Србија“: Зборовите на славната тенисерка одекнаа во светот

Супермен

18/09/2023

21:00

7.761

Големина на фонт

а а а

Зборовите на популарната француска тенисерка Марион Бартоли одекнаа ширум планетата...

Тенисерката Марион Бартоли смета дека Новак Ѓоковиќ не ја добива почитта која ја заслужува затоа што не доаѓа од големите, богати земји.


Поранешната шампионка на Вимблдон без влакна на јазикот говорела за односот на медиумите кон светски број еден тенисер – Новак Ѓоковиќ. Таа истакнала дека Новак би бил многу попопуларен и поомилен доколку доаѓа од некоја голема земја, како на пример Америка.

„Доколку Новак е Американец, со 24 гренд слем титули, 39 мастерси, шест завршни турнири, рекорд во бројот на седмици на прво место, најмногу одиграни финални гренд слемови, би имал статуа во секој град“, истакнува Бартоли.

Таа смета дека Новак го нема третманот којшто го заслужува во медиумите поради тоа што доаѓа од мала словенска земја.

„Само затоа што е Србин. Тоа е многу мала земја која има исклучително бурна понова историја“, додала Бартоли.

Бартоли ја спомнала и тортурата која Новак ја доживеа пред една година во Австралија.

„Тоа е играч којшто минатата година стигна на насловните страници поради апсолутно неверојатен настан. Отиде подалеку од спортските страници. Играч којшто освојувал најмногу титули да биде исфрлен од земја и пред заминување да биде сместен во притвор... Тоа е за серија на Нетфликс“, смета поранешната тенисерка.

На крај таа истакнала дека Србинот е рамо до рамо со најголемите спортисти на сите времиња, како Мајкл Џордан и Мухамед Али.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk