[ВИДЕО] Погледнете што може новиот „Cybertruck“

Точка

04/12/2023

15:14

4.887

Големина на фонт

а а а

Илон Маск повторно направи чудо. Пристигна „Cybertruck“, покажа со што се располага, а повеќето и заборавиле на ветувањето од 2019-та година.

Што е добро?

Ајде да почнеме со добрите работи. „Cybertruck“ располага со огромни можности: Тоа е возило кое може да влече пет тони товар, да носи 1.134 килограми и нуди досег од 547 километри, додека до 100 км/ч забрзува за 2,7 секунди. За само 15 минути полнење се добива 235 километри досег, бидејќи се полни со сила од 250 kW.

Кажаното важи за топ изведбата, таканаречениот „Cyberbeast“. А него Маск го откри на најдобар можен начин – со трка во забрзување со „Porsche 911“. И притоа адутот на „Tesla“ влечел приколка со уште едно 911. Чиста петка за рекламата.


Автомобилот е изработен од не’рѓосувачки челник, а ветена е целосна заштита од пешадиско вооружување. Непробојни се и акустичните стакла, барем на удари со бејзбол топка и град од класа 4, порачуваат од „Tesla“.

„Tesla“ може да биде извор на електрична енергија за екстерни уреди, дури и оние моќните на градилишта. Авантуристите пак можат да земат дополнителна батерија во улога на „range extender“, а тука е и можноста за возење преку водени препреки. Маск оди чекор понатаму и вели дека неговиот „Cybertruck“ е поцврст од „McLaren P1“, a невозможно е да се преврти на кров.


Малку и од другата страна на приказната

На први декември 2019-та година "Tesla“ спомна ист базен досег од 400 километри, но со некоја друга цена. Почетната цена тогаш беше поставена на 39.900 долари, а денес е 60.990. Зголемена е речиси двојно. Добрата вест е дека со досегот се потврдила и најавата за забрзување до стотка.

„AWD“ верзијата со два мотори и 600 коњски сили требало да чини 49.900, а сега е 79.990 долари. Досегот сепак скокнал од 483 на 547 километри, а забрзување е според најавената рамка од 4,5 секунди. Зголемена е и влечната моќ.


И доаѓаме до верзијата со три мотори. 845 коњски сили моќниот „Cyberbeast“ во најавата требал да чини 69.900 долари, а сега е на 99.990 долари. Најавено е преку 6,35 влечна сила, а досегот е поголем од 800 километри. Сега бројките се чувствително пониски: 515 километри досег и 4.990 килограми влечна сила. Ветувањето за забрзувањето останало и дефинитивно е под 2,9 секунди (2,7).

Вкрстување на пик-ап и спортски автомобил

И тука е најголемата тајна на овој модел. Маск го најавил како мешавина меѓу моделот од филмот „Blade Runner“ И моделот „Wet Nellie“, амфибија во филмот „Шпионот кој ме сакаше“.

Со маса поголема од три тони, „Cybertruck“ е тешка класа. Но, не е број еден ако се спореди со класичен пик-ап, ни во поглед на носивост, ни влечна сила. Дефинитивно не е број 1 во поглед на карактеристиките важни за пик-ап, потврдува „Motor1“.


Сепак, поскап е, побрз и многу поинтересен. Дали тоа ќе биде доволно за „Tesla“ да продолжи – веројатно да. Ако ве интересираат повеќе информации, можете да ги најдете на веб страните на „Tesla“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг