[ВИДЕО] Џејми Фокс одржа емотивен говор за најтешките моменти: „Го видов тунелот, но не и светлината“

Супермен

05/12/2023

15:52

4.300

Големина на фонт

а а а

Актерот Џејми Фокс одржа трогателен говор во своето прво официјално појавување откако беше итно хоспитализиран во април и помина еден месец во болница, пишува „Deadline“.

Фокс тогаш се повлече од очите на јавноста, а сега за првпат оттогаш се појави на сцената, каде му беше врачено специјално признание од една холивудска асоцијација.

Емотивен говор

Актерот проговори за своите најтешки моменти во емотивен говор кој ги трогна сите. Емотивниот Фокс изјави дека пред 6 месеци „не можел ни да оди“, па со громогласниот аплауз од публиката им се заблагодарил на сите за поддршката.


„Поминав низ нешто, поминав низ некои работи. Сега ја ценам секоја минута која ја имам. Сега е сè поинаку. Ни на најголемиот непријател не му посакувам да пројде низ она низ кое јас пројдов бидејќи е тешко кога ќе сфатиш дека си речиси на самиот крај... Оној момент кога го гледаш тунелот. Јас го видов тунелот, но не ја видов светлината на крајот од тунелот“, рече тој.


Инаку, актерот таа вечер не се појави на црвениот тепих, а организаторите го држеа во строга тајност неговото доаѓање на доделувањето. Новинарите дознале дека тој изнајмил соба во хотелот и таму останал сè до моментот кога се појавил на сцената и ја примил наградата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk