Се шпекулираше дека пред смртта му правела одвратни работи: Љубовната приказна на милијардерот започнала нетипично и завршила тажно

Супермен

09/02/2024

21:32

6.035

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Дејвид Кох и 22 години помладата Џулија не започнала типично и романтично, но имала убави моменти.

Дејвид Кох беше бизнисмен, филантроп, активист и инженер кој во јуни 2019 година беше рангиран како 11-та најбогата личност на светот (го дели местото со неговиот брат Чарлс).

Исто така, тој беше четвртата најбогата личност во Америка во 2012 година, како и најбогатиот њујорчанец во 2013 година. Всушност, неговото богатство се проценува на 50,5 милијарди долари.


Милијардерот Кох почина во 2019 година, по што 42 отсто од „Koch Industries“ наследи неговата сопруга Џулија Кох, со која имаше три деца. Помеѓу Кох и Џулија имало 22 години разлика, а за нивниот брак биле раскажувани најужасните приказни по смртта на богаташот.

Љубовната приказна на Џулија и Дејвид Кох

Џулија Кох е родена под презимето Флешер и не потекнувала од толку богато семејство. По неколку преселби се стационирала во Њујорк каде соработувала со Ненси Реган, а до 1991 година немала толку среќа во љубовта. Тогаш имала „состанок на слепо“ со Дејвид Кох, кој дотогаш веќе стекнал големо богатство и влијание, а после тој состанок немале идеја дека ќе се венчаат, бидејќи не поминало баш најдобро.

Кога ја сретнал неколку месеци подоцна, Дејвид ѝ се претставил бидејќи заборавил дека биле на состанок. Бидејќи таа била многу навредена, Кох ѝ се извинил и всушност „впловиле“ во разговор во текот на кој сфатиле дека сепак си се допаѓаат еден на друг.


Патрик Мекарти подоцна ја нарекол Џулија „личност која се среќава во Њујорк еднаш во пар години“, бидејќи таа е „убава, забавна, сака мода и е мажена за неверојатно богат човек“. Од помал стан на Петтата авенија, се преселиле во дуплекс со 18 соби и само продолжиле да ја прошируваат својата империја.

Сепак, годините ја донеле болеста на Дејвид и хорор приказните кои ги следеа.

Болеста и страшните приказни на Дејвид Кох

Поранешната телохранителка на милијардерот, Фелиша Расин, изнесе сензационалистички тврдења дека, кога нејзиниот сопруг заболел од канцер, Џулија не сакала медицинските сестри да го хранат преку туба и го држела заклучен во соба со месеци пред неговата смрт.

Телохранителката тврдела дека Џулија го правела сето тоа за да „не се занимава повеќе со него“ и да му го скрати животот на својот сопруг, кој почина на 79-годишна возраст во август 2019 година.


Таа исто така тврдела дека најбогатата жена во Њујорк ја дискриминирала врз основа на полот и раскажала дека медицинските сестри биле под стрес дека Кох ќе умре и дека не им било пријатно поради нејзините наредби.

Таа навела и дека Џулија не сакала да го однесе Дејвид на тајното семејно патување во Африка за „да не го уништи“ и дека од сопругот го криела фактот дека купила стан вреден 40 милиони долари.

Фелиша Расин подоцна ги негираше сите нејзини тврдења и му се извини на семејството.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk