[ФОТО] Вероника тврди дека „Instagram“ ѝ го брише профилот затоа што е преубава: „Немам пријателки, омразена сум од жените бидејќи сите мажи ме посакуваат“

Супермен

12/02/2024

13:35

5.361

Големина на фонт

а а а

Вероника Рајек од Словачка има 27 години и тврди дека е толку убава што дури и „Instagram“ ѝ го брише профилот бидејќи мисли дека станува збор за лажен профил.

Оваа згодна девојка е една од најбараните инфлуенсерки, додека нејзиниот профил на страницата „OnlyFans“ го следат голем број мажи. Популарноста ја стекнала со натпреварот за Мис Словачка 2016 година.


Пред неколку години се преселила во Америка за да ги следи своите соништа, но сè уште се занимава со моделинг.

Вели дека постојано е мета на критики од жени кои мислат дека не е „реална“. Често се случува нејзиниот профил да биде избришан затоа што нејзините следбеници ја пријавуваат како лажен лик, а според неа тоа е затоа што е „премногу убава“ и луѓето не веруваат дека нејзиниот изглед е реален.


„Многумина мислат дека на убавите луѓе им е лесно, но мене ми е полошо поради тоа. Луѓето не веруваат дека постојам. Навистина е дискриминација што другите жени можат да го прават истото, а јас не можам, па ми ги бришат профилите бидејќи сум премногу убава.“

„Себеси се нарекувам вонземјанин затоа што луѓето не веруваат дека сум вистинска. Мислат дека сум „бот“ или интернет измама“, вели Вероника.


Не е невообичаено да добива пораки со непријатна содржина. Тие ѝ порачувале да престане да користи филери и фотошоп.

Вероника вели дека повеќето нејзини следбенички го прават тоа затоа што се загрижени дека ќе им ги преземе момчињата. Исто така, таа се дружи исклучиво со мажи бидејќи, како што вели, жените не сакаат да ѝ бидат пријателки бидејќи се плашат дека ќе ги заведе нивните партнери.


„Не правам никакви промени и не користам филтри – освен алатката за светла кожа, но мислам дека тоа е нормално“, вели таа, додавајќи дека нејзиниот изглед е резултат на здрав начин на живот. Не оди на забави и вежба 5 пати неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk