[ФОТО] Без најава и медиумско внимание, „Omega“ објави шест нови изданија на „Seamaster Planet Ocean“

Точка

12/02/2024

14:30

3.505

Големина на фонт

а а а

Без медиумски притисок и бучава , „Omega“ штотуку објави шест нови бутик изданија на „Seamaster Planet Ocean 600M“.

Веројатно доколку сте запознаени со гломазниот „брат“ на „Seamaster Professional, the Planet Ocean“, знаете дека овие модели не ја менуваат линијата. „Omega“ се фокусира на надоградување на моделите следејќи ги трендовите и она што може да го привлече окото на потрошувачот, кој е во тек со новитетите и има изграден стил. Со беж, темно сива и зелена нијанса, овој нов секстет веќе собра многу пофалби.


Куќиштата на хронографите се со идентичен стил, но се истакнуваат по нивните уште поголеми димензии: пречник од 45,5 мм и дебелина од 19 мм. Неколку брендови се малку невнимателни со здравјето на вашиот зглоб како што е „Omega“ со хронографите на „Planet Ocean“. Добивате и малку изменет дизајн на рамката, со обоен блок од 15 минути (од 0-15), и хронографски туркачи координирани во боја со часовникот.


Ременот исто така се зголемува од 21мм на 22мм за подобар изглед со поширокото куќиште. Забелешка за туркачите: Иако изгледаат како да се навртуваат, сепак не се навртуваат, што, со оглед на водоотпорноста од 600 метри, е дополнителен доказ дека туркачите со навртување на „Rolex Daytona“ се апсурдни.


Друга нова карактеристика за линијата „Planet Ocean 600m“ е завршницата на керамичката рамка. Вообичаено гледани во висок сјај, овие рамки - бронзени за беж верзијата, црни за темно-сивиот и зелени за залениот - се со четкан финиш. Од ваквиот изглед добиваме впечаток дека „Omega“ се стреми кон секојдневната улична мода и опуштена стилска естетика. Конечно, како што веќе е јасно од целосното име на моделот, тие постигнуваат водоотпорност од 600 метри. Повторно, ова е соодветен нуркач, направен да оди многу подлабоко отколку што веројатно некогаш ќе ви треба. Сите часовници добиваат гумени ремени со преклопни токи, додека ремените изгледаат како да имаат текстилна влошка, тие се всушност гумени, што потенцијално ги прави уште полесни за одржување.


Се очекува дека темно-сивата верзија на часовниците ќе биде најпродавана.

Она што е интересно кај хронографите е тоа што регистрите на секоја врзија се совпаѓаат со боите на часовникот, но кога ќе ја погледнете позадината на секој часовник, тие добиваат различен финиш. Избрусена позадина на зелениот, пескарена и заматена на темно-сивиот и кружни жлебови на беж варијантата.


Новото издание на „Planet Ocean“ доби сафирно стакло на задниот дел на куќиштето со цел да го истакне калибарот на „Omega 8900“.

Останува знак прашалник каква мудрост се крие зад толку тивкото објавување на овие верзии. Но без сомнение, овие изданија ќе ги задоволат љубителите на часовниците со своите привлечни бои, лежерен дизајн и нов концепт на линијата „Planet Ocean“.


Цените на часовниците се движат од 7.100 до 9.700 американски долари, во зависност од моделот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk