Германија не памети нешто вакво: Бундеслигата не е најгледаното натпреварување во државата

Супермен

19/02/2024

16:50

4.679

Големина на фонт

а а а

Фудбалот е ништо без навивачи, е ставот кој навивачите во Германија сакаат да го потенцираат. Тоа чувство беше особено присутно минатиот викенд бидејќи посетеноста во 2-та Бундеслига (втор ранг на натпреварувањето) за првпат беше побројна од Бундеслигата (прв ранг на натпреварувањето).

Ширум Германија се актуелни протестите на навивачите кои се противат на предлогот на тамошниот фудбалски сојуз за приватно инвестирање во маркетиншки приходи, па поради тоа тие продолжуваат да ги полнат стадионите во знак на поддршка на своите клубови.

Втората лига на Германија е инаку петта најгледана лига на целиот континент.

Само Бундеслигата, англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А имаат повисока просечна посетеност од 2-та Бундеслига и тие бројки продолжуваат да растат.

Викендов, за првпат досега, вкупната посетеност во 2-та Бундеслига (284.643 гледачи) била поголема отколку во Бундеслигата (261.099).


Најмногу навивачи имало на натпреварот помеѓу Шалке и Визбаден на кој биле присутни дури 60.542 гледачи.

По него следат натпреварите Херта - Магдебург (52.652 гледачи), Нирнберг - Кајзерслаутерн (35.462) и Хановер - Фурт (31.500).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk