На Менхетен, плата од 100.000 долари вреди 30.914 долари

Супермен

21/02/2024

15:22

4.631

Големина на фонт

а а а

Истражувањето на американската финансиска компанија „SmartAsset“ покажа дека плата од 100.000 долари има најмала куповна моќ во Њујорк.

Со истата сума на пари најмногу може да се купи во Тексас, Оклахома и Тенеси.

Оваа плата има најмала куповна моќ на Менхетен, каде 100.000 долари имаат ефективна вредност од 30.914 долари, откако ќе се одземат федералните, државните и локалните даноци и трошоците за живот.


Што се однесува до предградијата на Њујорк, 100.000 долари во Бруклин се еквивалентни на 43.376 долари куповна моќ, а во Квинс ефективната вредност на оваа сума пари е 49.978 долари, пренесува „CBS“.

Оваа плата има најсилна ефективна вредност во Ел Пасо, Тексас, каде што има куповна моќ од 88.840 долари, според „SmartAsset“.


Во градот не постојат државни или локални даноци на доход, а жителите на Тексас имаат 12 отсто пониски трошоци за живот во однос на просекот ширум САД. Покрај Ел Пасо, со 100.000 долари најмногу може да се купи во Оклахома Сити и Мемфис, Тенеси.

Најниска вредност на оваа сума, освен на Менхетен, има во Хонолулу, Хаваи и Сан Франциско, Калифорнија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk