Роберт Де Ниро заиграл оро среде Белград, а колку ја сака Србија докажува и еден факт: Познатиот актер вака зборувал за своето патување во Југославија

Супермен

26/02/2024

11:46

5.894

Големина на фонт

а а а

Во втората половина на 70-те години, Роберт де Ниро го посетил Белград за да ги промовира филмските класици како „The Godfather Part II“ и „New York, New York“. Сепак, она што е особено интересно се сеќавањата на неговото патување низ тогашна Југославија.

Колку бил маѓепсан од добрата атмосфера говори фактот што своевремено во еден белградски хотел, пред новинарите и фото-репортерите заиграл оро.

Тогаш актерот открил дека Југославија ја запознал уште како студент и дека ги посетувал овие краишта со желба да види како се живее во социјализмот, пишува магазинот „Профил“.

Неговото доаѓање во Југославија го одбележале многу авантури, а патувал со автостоп.

„Немав пари, па застанував камиони на патот. Сакав да стигнам до Белград. Еден камионџија ме однесе до главниот плоштад во Ниш и ме остави таму. Врнеше, се стемнуваше и се најдов себеси сам во непознат град среде ноќ. Сепак, сакав да почувствувам како пулсира животот во Ниш. Не се чувствував поразличен од светот околу мене. Фармерки, маица, ранец на грб, малку пари во џебот...“, рекол актерот.

Иако ги запирал луѓето на улица, во Ниш, никој не го разбирал, сè додека не сретнал случаен минувач кој зборувал англиски. Тој несебично го поканил и му рекол да преноќи кај него.

Robert de Niro u Beogradu kao gost FEST-a 1976. godine 😎

Posted by Istorijski zabavnik on Sunday, March 1, 2020

„Бев трогнат. Не очекував дека некој тотален странец ќе ме покани да бидам негов гостин. Ми рече да се чувствувам како дома“, раскажал Де Ниро во една прилика и истакнал дека се сеќава на сè детално, дури и по многу години бидејќи тој гест многу го допрел.

Де Ниро денес е икона на филмската индустрија, а колку ја сака соседна Србија покажува и името на неговата најстара ќерка - Дрина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk