[ВИДЕО] Овој автомобил може сам да го истресе снегот од себе, погледнете како тоа изгледа

Супермен

29/02/2024

12:52

6.346

Големина на фонт

а а а

Оваа забавна и потенцијално корисна функција беше прикажана од кинескиот производител додека ги демонстрираше способностите на активната суспензија „SkyRide“ вградена во нивниот електричен „SUV ET9“.

Кинескиот производител на електрични автомобили „NIO“ се пофали со забавна, но и корисна функција на својот теренец „ET9“. Во случај на потреба, автомобилот е во состојба со својата активна суспензија да го истресе снегот од каросеријата.

На почетокот на годината, новиот теренец започна серија зимски тестови, изјавија од компанијата со објавување на видео, кое прикажува функција што досега не била видена на автомобилите. Оваа забавна и потенцијално корисна функција беше демонстрирана од кинескиот производител со демонстрирање на способностите на активната суспензија „SkyRide“, вградена во нивниот електричен SUV „ET9“.

Според „Autonet.hr“, суспензијата „SkyRide“ е паметен систем за управување со шасијата и прва целосно интегрирана активна хидраулична суспензија во светот, според нејзиниот кинески производител.

Заедно со оваа демонстрација, „NIO“ неодамна се пофали со уште едно видео. Во него, келнер поставува пирамида од чаши за шампањ на хаубата на моделот „ЕТ9“, а автомобилот потоа вози преку „лежечки полицајци“ без да го истури шампањот. Сето ова е можно благодарение на напредниот систем, кој препознава нерамнини на патот, и за тоа ѝ дава информации на суспензијата, така што таа во реално време реагира на сè што ќе и се најде на патот.

„NIO ET9“, електричен SUV со мотори со вкупна моќност од речиси 700 коњски сили, беше претставен на крајот на минатата година, а почетната цена е нешто повисока од 100.000 евра. Со испораките ќе се започне дури на почетокот на 2025 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk