[ФОТО] Италија доби замена за Дилета Леота? Оваа прекрасна црнка го привлекува вниманието на навивачите каде и да се појави

Супермен

29/02/2024

13:29

6.979

Големина на фонт

а а а

Италија е позната по добрата храна, атрактивните туристички дестинации, Серија А, но и по водителките кои го привлекуваат вниманието на навивачите каде и да се појават.

Со години, една од првите асоцијации во Италија за спортското новинарство е Дилета Леота, која судејќи по сè сега има жестока конкуренција.


Станува збор за Елеонора Инкардона, атрактивна црнка, инфлуенсер и голем навивач на Интер, која често присуствува и на натпреварите на Милан, па навивачите на Росонерите со задоволство ја поздравуваат на нивните натпревари. Со текот на времето, Елеонора добила понуда да се занимава со новинарство, а моментално работи во „DAZN“ каде што работи и Дилета.


Инкардона има околу 900.000 следбеници на социјалните мрежи, нејзиниот фокус е фудбалот, а врската со Дилета е таква што извесно време двете биле „несудени јатрви“. Имено, во Италија, Елеонора е позната и по тоа што беше во романтична врска со Мирко Манолa, полубратот на Дилета Леота.

Со секој нов натпревар на кој таа ќе се појави, често може да се слушнат коментари дека Италија доби замена за Дилета Леота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk