За пристоен живот во Големото јаболко ви е потребна плата од 138.570 долари

Супермен

14/03/2024

20:48

5.020

Големина на фонт

а а а

Њујорк е најскапиот град за самци за живеење во САД. Имено, за пристоен живот на еден човек во оваа метропола му е потребна годишна бруто плата од 138.570 долари или приближно 127.000 евра, покажа истражувањето на компанијата „SmartAsset“.

Студијата наведува дека на семејство со две деца му требаат вкупно 318.406 долари годишно за пристоен живот во Њујорк.

Споменатата фирма истражувала колкава бруто плата е потребна за пристоен живот во 99 американски градови врз основа на правилото 50/30/20.


„Буџетот 50/30/20 подразбира дека, за одржлив комфор, 50 проценти од платата се издвојува за основни потреби како што се домување, намирници и превоз, 30 проценти за забава и хоби и 20 проценти за отплата на долгови, заштеди или вложувања“, се наведува на веб-страницата „SmartAsset“.

Седум од десетте најскапи градови во Америка се наоѓаат во Калифорнија, а тоа се Сан Хозе, Ирвајн, Санта Ана, Сан Диего, Чула Виста, Сан Франциско и Оукленд. Во првите 10 најскапи градови се наоѓаат и Бостон и Сиетл.

Спротивно на тоа, најекономичен американски град за живеење е Хјустон, Тексас, каде за пристоен живот за самец е потребна бруто плата од 75.088 долари годишно, што е околу 69.000 евра.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk