[ВИДЕО] Погледнете како првиот пациент со имплант од „Neuralink“ на Илон Маск игра видеоигра и шах само со помош на мисли

Точка

21/03/2024

11:00

13.788

Големина на фонт

а а а

Благодарение на имплантот на „Neuralink“, Арбо сега е способен да игра видеоигри и онлајн шах без физички контакт со уредите, користејќи ги само своите мисли.

Компанијата „Neuralink“ која е во сопственост на Илон Маск, постави нови стандарди кога станува збор за интеракцијата на мозокот и компјутерскиот систем, демонстрирајќи како личност со тешки физички ограничувања успеала да контролира видеоигри и онлајн шах, користејќи ги само своите мисли.

Овој настан бил емитуван во живо преку платформата на Маск, „X“, а биле демонстрирани способностите на пациентот Ноланд Арбо којшто поради квадриплегија бил оневозможен во многу активности кои бараат физичка интеракција.

29-годишниот Арбо којшто доживеал повреда на ‘рбетниот мозок во незгода при нуркање пред осум години, истакнал дека технологијата на „Neuralink“ веќе му го сменила животот.

„Операцијата беше исклучително едноставна“, изјавил Арбо, додавајќи дека веќе наредниот ден бил отпуштен од болница после процедурата која ја правел во јануари.

Неговата способност да игра шах и видеоиграта „Civilization VI“, користејќи ги само мислите, според неговите зборови му враќа дел од изгубената независност.

Компанијата „Neuralink“ е основана со цел развој на технологијата која овозможува директна комуникација меѓу човековиот мозок и компјутерскиот систем, користејќи имплант којшто содржи значително повеќе електроди во однос на сличните уреди достапни на пазарот, со што се отвораат вратите за поширока примена на оваа технологија во иднина.


Овој уред функционира без потреби за жичена врска со екстремните уреди, со што на пациентот му се дава поголема слобода и флексибилна интеракцијата.

Илон Маск после демонстрацијата на платформата „X“, најавил дека следниот чекор во развојот на технологијата на „Neuralink“ би можел да биде насочен кон обновување на видот со коментар дека тоа е следната цел, после имплантот за парализирани пациенти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг