[ВИДЕО] „Бегајте, луѓе“: Хрватска добива роботакси, Римац најави претставување на автономно електрично возило

Супермен

21/03/2024

19:35

5.769

Големина на фонт

а а а

Хрватот Мате Римац, основач на „Rimac Automobili“ и „Project 3 Mobility (P3)“, денеска на Фејсбук најави нешто што наликува на претставување на прототип на роботакси за 26-ти јуни.

„Бегајте, луѓе – доаѓа роботакси! Откривање на 26.06.2024“, напишал Римац покрај видеото кое го објави на Фејсбук.

Од „P3“ веќе претходно најавија дека кон средината на оваа година официјално ќе претстават работен прототип на автономно електрично возило, па судејќи по сè, денешната најава на Римац може да се однесува токму на тоа.

Bešte, ljudi - ide robotaxi! Unveil 26.06.2024.

Posted by Mate Rimac on Thursday, March 21, 2024

„Кон средината на годината „P3M“ официјално ќе го претстави работниот прототип на нашето автономно електрично возило“, изјави Марко Пејковиќ за „Jutarnji“ на почетокот на јануари, косопственик и извршен директор на компанијата „P3“.

Компанијата на Римац „Project 3 Mobility“ пред 10 дена објави дека ја лансира првата од серијата фази на тестирање на систем за автономно возење во Загреб. Првата активност во таа фаза е собирање на сообраќајни податоци.


За таа цел ќе се користат стандардни комерцијални возила опремени со напредна технологија потребна за мапирање на сообраќајниците, велат од компанијата. Тие додаваат дека сообраќајните податоци, како што се ширината на лентите, коловозите, сообраќајните знаци и другите ознаки, се неопходни за валидација на системот за автономно возење и калибрација на сензорите на сообраќајната средина во Загреб.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk