Многу познати дами имале среќа во љубовта, а и да го пронајдат вистинскиот господин кој има и „голем паричник“.
Александра Сандра Мељниченко (45), поранешна членка на српската група „Моделс“, на која нејзиниот сопруг Андреј Мељниченко неодамна ѝ го предаде личното богатство од дури 23,8 милијарди долари, е само една од Србинките кои одлично се омажиле. Мељниченко (45), родена како Николиќ, благодарение на сопругот Андреј преку ноќ стана милијардерка и сопственичка на две компании за производство на јаглен и ѓубрива. Таа сега е осмата најбогата жена во светот, а нејзиното богатство се проценува на 23,8 милијарди долари.
Во една прилика, поранешната мис на Србија Јелена Јаковљевиќ, сега Бин Драи, ја споделила својата тажна приказна со своите следбеници на Инстаграм, во која раскажала како живеела порано и како сите членови на нејзиното семејство не можеле да го следат натпреварот на кој таа учествувала и победила, бидејќи немале доволно пари за купување билети за сите за влез во Сава центар.
„Додека бев на сцената, во публиката беше само татко ми. Мајка ми и брат ми седеа во дворот, пред вратата од салата. Во тој момент, сè што имавме на нашата банкарска сметка беа 100 германски марки. Тоа беше доволно да се купи само еден билет. Не плачев затоа што станав мис, плачев затоа што гледав како обезбедувањето не ги пушта мајка ми и брат ми да го гледаат прогласувањето и да ја видат барем мојата круна. Тоа ми го скрши срцето“, истакнала тогаш Јелена.
Јелена сега е една од најбогатите Србинки која во 2008 година се омажи за арапскиот шеик Саид бин Драи, со кој има три деца.
Ивана Берендика беше пејачка на тогаш популарната група „Моделс“, а потоа се омажи за милијардерот Томаш Јермолук, еден од основачите на компанијата „Гугл“.
Марија Каран се омажи за Џоел Лубин, режисер од Лос Анџелес. Таа доби син со овој холивудски продуцент, но сепак се разведоа.
Аника Божиќ Ал Сарај е успешна манекенка која се омажи за принцот Јусеф Ал Сарај кој е роден во Палестина.
Елена Кариќ е ќерка на познатата српска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ, која се омажи за Југослав Кариќ од кого се разведе. Пред Кариќ беше во брак со фудбалерот Пеѓо Мијатовиќ и со Андрија Драшковиќ.
Славица Радиќ (64), поранешна Еклстоун, беше во брак со сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун, денес е една од најбогатите жени во светот, а нејзиниот имот се проценува на околу 1,2 милијарди долари. Берни Еклстоун призна дека не сакал развод, за разлика од тогашната сопруга.
Медиумите шпекулираа дека Славица Радиќ во случајот со разводот добила половина од имотот на Еклстон, кој се проценува на повеќе од една милијарда евра.